Ноќта меѓу понеделникот и вторникот, непознати крадци провалиле во црква во скопската општина Аеродром и украле пари, соопшти полицијата.
„На 21.01.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 15.00 часот на 20.01.2025 до 07.00 часот на 21.01.2025 со употреба на сила било влезено во црква на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, при што биле одземени пари“, се вели во полициското соопштение.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.