Ноќеска 15-тина минути после полноќ во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќа на улица ,,Кочо Зози“ во Гостивар, сопственост на 58 годишниот гостиварец Е.Ч..
„Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Гостивар го изгаснала пожарот.“, извести СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Исто така, изгоре и куќа во село Василево, откако избувнал пожар во 13:40 часот, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од струмичките пожарникари во гаснењето на запалената куќа учествувале две против пожарни возила и 8 пожарникари.
Тие успеале да го локализираат и изгаснат пожарот и било спречено тој да се прошири и на соседните куќи и објекти и да предизвика уште поголема материјална штета.