Skip to main content
Забава

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста на 13 април во Скопје

22/01/2025  14:27

На 13 април, сцената на „Македонската опера и балет“ ќе биде сведок на премиерната изведба на театарската комедија „Ако сум жена, не сум коњ“, претстава која низ хумор и емоција ги истражува љубовните предизвици со кои се соочуваат жените во модерното општество.

Комедија за силни жени и храбри мажи. Урнебесна и искрена приказна за една паметна, амбициозна и љубопитна жена која, во потрага по „вистинскиот“, се соочува со серија комични и емотивни предизвици. Од првата љубов, преку разочарувањата, до зрелите години, таа поминува низ живот исполнет со среќни, но и апсурдни моменти. Приказна за една паметна девојка која прави глупави работи. Поради љубовта. Поради биолошкиот часовник. Поради баба и која ја тера да се омажи. За мажите кои не сакаат да се оженат. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која секоја жена ќе ја разбере… Дали постојат среќни краеви во љубовта или нас, како што вели главната хероина, нѐ „излажал Холивуд“?

Преку силен и провокативен текст, оваа претстава нуди уникатен пристап кон темите за родовата еднаквост, менталното здравје, стереотипите и борбата за сопствено место во светот. „Ако сум жена, не сум коњ“ ја рефлектира вистината на многу жени, но и ја пренесува универзалната порака за храброст и упорност, која допира до секого. Погледнете ја оваа монодрама која ќе ве насмее до солзи, но и ќе ве натера да размислите за вечното прашање на секоја жена – дали сум нормална?

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од ова незаборавно театарско искуство! Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Карти може да купите со клик на следниот линк:

https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5640