Нова измама која е креирана денес ги демне граѓаните. Се работи за испраќање на лажи пораки за оние корисници кои ја користат платформата на Нетфликс.Со адресата таргетира македонски жртви, краде пари и лозинки.
Како што објаснува твитер користнисникот Спировски нападот почнува со СМС пораки кои се претставуваат како Netflix, и велат дека корисничката сметка е суспендирана. Следи линк кон измамата. Адресата (доменот) е денес регистриран и нема врска со Нетфликс.
„Следи страна која има основна заштита од автоматските детектори на измама – бара да соберете два броја. Интересно, не се обидува да детектира дали посетителот е од мобилен, иако форматот на страната е правен за мобилен.
Потоа следи страна за “најава” – која не проверува ништо (иако сигурен сум дека ќе ги сними внесените username/password). Веднаш кажува дека сметката е блокиранa.
Следи страната за внес на картичка. Кога ќе внесете податоци веднаш се обидува да наплати. Ако не успее наплатата, го враќа корисникот на страната за картичка, “да не згрешил”.
За крај, брза проверка на кодот, ни дава поздрави од програмер од Француско говорно подрачје. Што може да е Франција, но и една четвртина држави во Африка и Канада. Криминалот е интернационален и полиглотски
Секако, да повториме: – Ништо не е толку итно и толку страшно. Не брзајте. – Не кликајте на НИШТО од неочекувана порака. – Посетете официјален сајт на компанијата, најавете се на официјална страна. Проверете таму“, пишува Спировски.
Измамата за денес – лажни пораки за истечена Netflix претплата за кражба на кредитни картички.
Со адресата таргетира македонски жртви, краде пари и лозинки.
Прочитајте, споделете, предупредете.
Kодот е со француски коментари. Многу соодветно филмски, Француската врска
1 / 7 pic.twitter.com/NmNTknDTda
— Q Spirovski (@spirovskib) January 22, 2025