Никола Јокиќ со уште еден трипл-дабл, 19. во сезоната, го предводеше Денвер до убедливата победата во Филаделфија 144:109. Најдобриот играч на Филаделфија, Џоел Ембид и оваа година, како и во претходните пет го пропушти натпреварот во Колорадо.
Јокиќ на теренот мина 30 минути, а во последната четвртина не влезе во игра. Натпреварот го заврши со 27 поени (10/15 од поле, 2/3 од три, 5/5 од пенали), 13 скока, 10 асистенции, четири украдени топки, една блокада и две загубени топки.
ANOTHER JOKER TRIPLE-DOUBLE 🃏
— NBA (@NBA) January 22, 2025
27 PTS (10-15 FGM)
13 REB
10 AST
4 STL
Jokić's 4th-STRAIGHT triple-double (19th of season) as the @nuggets win 7 of the last 8! 📈🏔️ pic.twitter.com/H3g5JlSyiy
Нагетс во првата четвртина имаа двоцифрено водство кое го задржаа до полувремето Во третиот период го уништија противникот.
Веднаш зад Јокиќ по ефикасност беше Џулијан Стротер со 23 поени, Кристијан Браун додаде 20, а Арон Гордон и Мајк Портер Јуниор имаа по 19 поени.
За Филаделфија најдобар беше Тајрис Макси со 28 поени и 10 асистенции. Гершон Јабусуле постигна 22 поени.
Следниот меч на Денвер е в петок од против Сакраменто, додека Филаделфија ќе го пречека Кливленд ден подоцна.
НБА, резултати:
Нетси – Никс 95:99
Хит – Блејзерс 107:116
Рапторс – Меџик 109:93
Нагетс – Сиксерс 144:109
Лејкерс – Визардс 111:88