Денес имав привилегија да извршам операција на пациент со сериозен проблем со рбетот, операција која ќе му го подобри квалитетот на живот. За време на интервенцијата, посветив време и на едукација на нашите специјализанти – иднината на македонското здравство.
Образованието е исто толку важно колку и секоја успешна интервенција, затоа што знаењето што го споделуваме денес, утре ќе спасува животи. Пациентот по интервенцијата се чуствува одлично, му посакувам брзо закрепнување, напиша лидерот на опозициската СДСМ, Др. Венко Филипче, на својот Фејсбук профил.
Неговиот пост нагласува значајноста на образованието во здравството и одговорноста за идните генерации здравствени работници.