Skip to main content
Македонија

Јавен повик до основните и средните училишта за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите

22/01/2025  09:57

Македонската банкарска асоцијација по седми пат го организира натпреварот “Европски квиз на парите”, којшто е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од тринаесет до петнаесет години. 

Натпреварот се реализира во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.  

На следната врска https://mba.mk/w/mk/najava/javen-povik-do-osnovnite-i-do-srednite-uchilishta-vo-republika-severna-makedonija-za-evropski-kviz-na-pari-2025/ е Јавниот повик до основните и до средните училишта во нашата земја за учество на квизот, кој се одвива во две фази – национален натпревар и Европско финале.