Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, во проширен состав. На седницата ќе бидат разгледани согледаните слабости на системите за управување со кризи, за заштита и спасување и за противпожарна заштита, како и предлозите за нивно надминување.
Со седницата, како што е најавено, ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Покрај членовите на Управувачкиот комитет, на седницата поканети се и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорот на ДЗС, Џеват Селами, директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов, директорот на АД Водостопанство Филип Филиповски, директорот на УХМР Игор Лазаровски и командантот на БППЗ на Град Скопје Звонко Томевски.