Бројот на загинати во катастрофалниот пожар што го зафати хотелот во популарниот турски ски-центар Карталкаја се искачи на 76 лица, јавуваат турските медиуми.
Пожарот избувнал во текот на ноќта, кога во хотелот престојувале 238 гости. Иако пожарот е ставен под контрола, итните служби продолжуваат со пребарувања на теренот. Локацијата на хотелот, сместен на рид, го отежнувала пристапот за гаснење од сите страни, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.
Во меѓувреме, турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени во врска со пожарот. Истрагата е во тек, а јавноста бара одговорност за трагедијата што го потресе регионот.