Јелена Карлеуша им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи и откри дека размислува за учество на музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“.
– Почитувани следбеници, домашни и странски медиуми, граѓани, размислувам оваа година да го потврдам моето учество на Евросонг. Што мислите за тоа? Да ја потресеме планетата и да оставиме високо српското знаме да се вее? – напиша Карлеуша.
Оваа објава предизвика бројни реакции на мрежите кои ја поддржуваат во намерата да ја претставува Србија на најпопуларниот музички натпревар.