
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(58) и К.П.(42), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 15.01.2025 во Прилеп, пријавените физички го нападнале В.П. – сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со пиштол.