Денес (20.01.2025) во 05:22 часот, во СВР Штип била пријавена пожарна несреќа во куќа во село Чифлик, делчевско, сопственост на Д.Д. (36), лице со здравствени проблеми. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево, при што било пронајдено телото на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Трагедија: 36-годишен маж загина во пожар во својот дом
20/01/2025 16:11