Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа нова победа на Флорида. Откако пред два дена славеа во Мајами, истото го направија и во Орландо. Нагетс го победија Орландо Меџик со 113.100.
Никола Јокиќ го предводеше тимот со трипл-дабл, 18 во сезоната и 148. во кариерата. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 20 поени, 14 скокови и 10 асистенции, во статистиката запиша и по три блокади и украдени топки. Јокиќ во финишот на третиот период имаше двоцифрени бројки во три статистички категории.
Импресивно е што српскиот центар има повеќе трипл-дабл учинок до четвртата четвртина од натпреварите оваа сезона (12) сите тимови во лигата.
🔔 Nikola Jokic in 30 minutes tonight
20 points (7-9 shooting)
14 rebounds
10 assists
3 steals
3 blocks
+20Shooting sleeve merchant pic.twitter.com/hGlUPM771U
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) January 20, 2025
Покрај Јокиќ одличен меч одигра Кристијан Браун, кој исто така постигна 20 поени. Двоцифрен ефект имаа и останатите играчи од првата петорка на Денвер: Џамал Мареј (19), Мајкл Портер Јуниор (15), Расел Вестбрук (12, шест скока, пет асистенции).
Резултати:
Милвоки Бакс – Филаделфија 123:109
Оклахома Сити Тандер – Бруклин Нетс 127:101
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 116:102
Портланд Трејлблејзерс – Чикаго Булс 113:102
Сакраменто Кингс – Вашингтон Визардс 123:100