Skip to main content
Балкан

Денеска нема настава во 90 отсто од средните училишта во Белград

20/01/2025  10:40

Белградскиот средношколски форум има податоци дека денеска во 90 отсто од средните училишта во Белград нема настава, изјави потпретседателката на тој синдикат Ана Димитријевиќ, објави ТВ Н1.

„Во преостанатите десет проценти од белградските средни училишта се одржува минимум наставен капацитет“, вели Ана Димитријевиќ.

Таа додаде дека, според податоците што кружат меѓу просветните работници, денеска нема настава во вкупно 60 отсто од основните и средните училишта во Белград.