Јавното сообраќајно претпријатије ( ЈСП) кое стопанисува со жичницата на Водно информираше дека поради силниот ветер истата не е во функција.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, се вели во соопштението.