Skip to main content
Македонија

Од утре стабилно време со позитивни дневни температури

16/01/2025  12:56

Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе
бидат во постепен пораст.

MK Summit

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините, каде дневните температури ќе останат пониски.

Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.