Skip to main content
Македонија

Поднесена е кривична пријава против Агенцијата за разузнавање поради незаконско следење

15/01/2025  15:20

Поднесена е кривична пријава против Агенцијата за разузнавање поради незаконско следење на поединци, меѓу кои и на премиерот Христијан Мицкоски во 2020 година пренесува „Телма“.

Поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање ги пријавил овие активности, кои се случиле во јули 2022 година. Истражувањето, кое е споено со друга истрага за незаконски активности на тајните служби, е во тек, а обвинителството собира доказни материјали од надлежните институции.

Агенцијата за разузнавање нема законско овластување за следење на домашен терен. Тоа го прави АНБ под одредени услови.

Истрагата ќе ги разјасни наводите и ќе утврди дали биле прекршени законите за приватност и безбедност.