Skip to main content
Економија, Македонија

Прекин во работењето на системот е – Даноци од  16:30 часот

15/01/2025  10:33

Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен.

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.

Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници  непречено ќе може да  поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН).

Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.

Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата.

Ви благодариме за вашето разбирање и трпение. Вашата соработка е од исклучителна важност,  а целта е усовршување и оптимизација на системот е-Даноци, со цел да ви овозможиме уште поефикасни и побезбедни  услуги.