Skip to main content
Живот

Д-р Трајковски: Пикот на грипот и вирозите се очекува во февруари, загадениот воздух го пролонгира оздравувањето

14/01/2025  14:41

Доктор Бојан Трајковски, на својот фејсбук профил, сподели дека не треба да се крева паника поради порасот на заболени од грип, настинки, вирозии…Предупредува дека пикот доаѓа во февруари.

– Пораст на болните од грип, настинки, ковид, разни вирози и бактерии е очекуван и по ништо не треба да предизвикува паника и сензационализам, бидејќи беше целосно јасно што ќе се случува после толку многу групни новогодишни игранки и собиранки. Овие бројки се на почеток од својот раст и својот пик ќе го достигнат некаде средина, евентуално крај на февруари, каде што очекуваме и школарците и студентите да го поминат својот ред на разболување, со оглед на тоа што ќе почне нивното активно мешање и дружење, алармира тој.

– За загадениот воздух, не ни прашувајте, бидејќи речиси кај секој еден пациент го пролонгира оздравувањето за некој ден плус или остава некаков симптом кој трае и некој месец плус! – вели д-р Трајковски за енормното аерозагадување.