Шампионот на Англија го загуби Сане за шест месеци

Манчестер Сити потврди дека Лерој Сане има скинати лигаменти на десното колено.

Германскиот репрезентативец доживеа непријатна повреда за време на натпреварот за „Комјунити шилд” минатата недела помеѓу Сити и Ливерпул.

Дваесет и три-годишниот играч од средниот ред беше пред преселбата во Баерн Минхен, но сега шансите за остварување на овој трансфер се значително намалени.

Лерој Сане е фудбалер на Сити од 2016 година. Претходно, тој го носеше дресот на Шалке 04.

Манчестер Сити го освои „Комјунити Шилд” по победата против Ливерпул по пенали.

Сане ќе биде аут од терените најмалку шест месеци.

Треба да знаете
Последни објави