Обрадовиќ: Голем срам е тоа што се случуваше на последните два меча

Инциденти го обележаа третиот натпревар од финалната серија, во регионалната кошаркарска АБА лигата, помеѓу српските градски ривали Партизан и Црвена звезда. На крајот натпреварот сепак го дочека својот крај, победи Партизан со 70:67 и намали на 2:1, во серијата кој прв до три победи.

Инцидентите во салата „Александар Николиќ“ во Белград имаше од самиот почеток на натпреварот. На загревањето беше фрлен топовски удар врз играчите на Црвена звезда, а во последната минута судиите се повлекоа во соблекувалната и се чекаше половина час за натпреаврот да продолжи, а дел од трибините да бидат испразнети.

-Од првиот ден апелирав на некои работи, да се смират страстите, да се игра кошарка. Тоа им го кажав на навивачите и кога го земав микрофонот. Ова е сериозно првенство, а за да биде сериозно мораат да се почитуваат актерите на натпреварот, играчите и сите останати кои се на клупата. Денеска судиите донесоа одлука да се испразни дел од трибините и беа апсолутно во право, но зошто тоа не се случи и на претходниот меч? Сигурноста на играчите и сите на клупата е најважна работи, зошто критериумот беше различен? Апелирам до навивачите на Партизан, на секој следен натпревар, вакви случаи повеќе да нема. Да му дозволат на противникот да игра. Оваа слика го заобиколува светот, исто како и сликата од пред три дена. Што ќе мислат луѓето за нас, што ќе се говори? Голем срам е тоа што се случуваше  на последните два натпревари – порача легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ кој сега е на клупата кај Партизан.

Партизан и во четвртиот натпревар кој е закажан за в петок од 18 часот и 30 минути ќе биде домаќин, а во меѓувреме раководството на АБА лигата ќе ги разгледа инцидентините сцени и ќе изрече дисциплински мерки.

Треба да знаете
Последни објави