Skip to main content
Македонија

Внимавајте: Лажни пораки ги измамуваат граѓаните

06/01/2025  23:31

„Пошта на Северна Македонија“ повторно станува цел на измамници кои преку лажни пораки се обидуваат да ги измамат граѓаните. Како што се обратија неколку читатели до нашиот порталот 24инфо, во последните денови се испраќаат пораки со невистинита содржина, во кои граѓаните се предупредуваат дека им пристигнале пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса преку понуден линк.

Една од лажните пораки гласи:

„Пошта на Северна Македонија: Испораката нема да биде завршена поради откриена погрешна поштенска адреса. Информациите за адресата на поштенскиот код се потврдени во рок од 24 часа.

[линк за фалсификувана веб-страница]

„Одговорете Y, потоа излезете од текстуалната порака и отворете ја повторно за да ја активирате врската или копирајте ја врската во Safari и отворете ја“, се вели во пораката.

Апелира до граѓаните да не ги отвораат овие пораки и да не внесуваат никаков личен податок, бидејќи ова е обид за кражба на податоци.