Соопштение на коалиција ВРЕДИ:
Коалицијата ВЛЕН упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод Бадник и Божиќните празници. Овие денови се симбол на заедништво, љубов и човечност – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било.
Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници.
Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други.
ВЛЕН ќе продолжи да се залага за праведно и еднакво општество, во кое почитта кон различностите е нашата најголема сила.