Search

Меркел: Врските меѓу Русија и десничарските партии во ЕУ е причина за загриженост

Односите меѓу Москва и десничарските политички партии во ЕУ се причина за загриженост, рече германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата во Берлин, пренесува ТАСС.

„Тука се појавуваат некои прашања. Постојано ја следиме многу силната поддршка што десничарските партии ја добиваат од Русија на еден или друг начин. Ова е причина за загриженост”, истакна Меркел.

Германската канцеларка го спомена и скандалот во врска со наводното финансирање на италијанската партија „Лига“ од страна на Русија, истакнувајќи дека италијанската страна мора детално да ги испита овие наводи.

Обвинителството во Милано покрена случај врз основа на информациите на „Базфид“ и италијанскиот неделник „L’Espresso” во коиј се разгледува наводното финансирање на „Лига” од Русија, при што случајот се квалификува како меѓународна корупција.

Главниот осомничен во случајот е еден од соработниците на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, шеф на здружението Ломбардија-Русија, Џанлука Савоини. Според обвинителството, неговиот глас може да се слушне на аудио-снимката што ја објави „Базфид“ од наводниот разговор со руски претприемачи со врски со Кремљ, при што беше разговарано за евентуален договор за набавка на нафта. Партијата би можела да добие дивиденди од договорот во износ од 65 милиони долари.

И Салвини и Савоини ги негираа обвинувањата.

Треба да знаете
Последни објави