Skip to main content
Хроника

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

24/10/2024  10:40

Повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина биле спасен синоќа од полициска екипа од станицата Мазрача.

ЦУК соопшти дека вчера во 17:31 часот бил примена пријава за повредено лице по пад со мотор во провалија. Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово.

Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата. Во 18:15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница „Ферит Мурат“ од Гостивар.