Skip to main content
Свет

Силен земјотрес ги погоди Филипините

30/12/2024  08:27

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделникот во 3 часот и 56 минути на Филипините, јавува ЕМСЦ.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа Лузон.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 45 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.