Последните два дена во центарот на јавноста е претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова која помилуваше лица кои се поврзани со нарко кланови, екс градоначалникот на Битола, како е првообвинетиот во случајот Шпион.
24инфо.мк разговараче со член на комисијата за помилување, професорот Гордан Калајџиев кој ни кажа дека тие добиле список од 30ина лица и од нив помилувани се десеттина.
Како што тој кажа, никој во комисијата не знаел кој предлог за помилување за какво дело е осуден и напомена дека како комисија тие добиле список од 30ина осуденици но на крајот тој список требало да се сведе на десетмина.
Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната.
Од друга страна претседателката Давкова во својата изјава рече дека се потпирала на мислењето на Комисијата.
-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.
24инфо.мк побара став и од министеро Филков, од чие министерство се проследуваат предлозите за помилување, но оттаму до овој момент не добивме одговор на прашањата кој ја составил прелиминарната листа на кандидати за помилување од страна на преседателот на државата.