Вчера во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, среде бел ден полицијата го уапсила 42-годишниот Ф.С. од Косово откако бил фатен непосредено откако ограбил куќа.
„При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена“, известува МВР.