Skip to main content
Свет

Драма во Њујорк: Автомобил удри во пешаци на тротоар, има и повредени

26/12/2024  09:31

Најмалку три лица се повредени кога такси удри во пешаци на плоштадот Хералд во Њујорк, јави CBS News.

Полицијата соопшти дека удрените биле на тротоарoт.

Инцидентот се случил околу 16 часот по локално време на аголот од улицата 34 и Шестата авенија.

Според пожарникарите, три лица биле итно пренесени во болница и моментално се во стабилна состојба.

Засега нема информации што довело до инцидентот.

Возачот не е идентификуван, а полицијата се уште не го уапсила ниту соопштува кој е осомничениот возач, според медиумот.

Инаку, плоштадот Хералд е популарно место каде се собираат туристите за време на Божиќ, особено на 25 декември.