Skip to main content
Свет

(Видео) Шрапнели на задниот дел од трупот, се појавија тврдења дека Русија го соборила азербејџанскиот авион

25/12/2024  16:18

На снимки објеавени на повеќе профили на мрежата Икс, се гледаат неколку дупки, најверојатно од шрапнели на задниот дел од авионот на „Азербејџан ерлајнс“ Ембраер 190, кој леташе од Баку за Грозни, Русија и кој се урна во Казахстан.

Тоа предизвика дел од корисниците да ја обвинат Русија за соборување на патничкиот авион.

Извештаите покажуваат дека 16 патници од предниот дел на авионот се катапултирале веднаш по ударот со земјата, додека оние што седеле во централниот дел не ја преживеале несреќата.

Несреќата се случи на Божиќ, кога патничкиот авион Embraer 190 на Азербејџан Ерлајнс, со 67 лица на бродот (62 патници и пет членови на екипажот), се урна во близина на Актау. Според управната компанија, авионот кој патувал од Баку кон Грозни, се судрил со јато птици, што довело до губење на стабилноста во воздухот.