44-годишна скопјанка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила среде ноќ на една скопска раскрсница.
– Денеска во 01.10 во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Јане Сандански“, пред крстосницата со булевар „Србија“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од село Јурумлери, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ж.К.(44) од селоТрубарево, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.