Skip to main content
Хроника

Тешко повредена скопјанка: Излегла од возилото што го управувала а тоа се придвижило и ја повредило

25/12/2024  12:16

Синоќа во 23 часот во СВР Скопје од приватната болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Р.Р..

Имено, според пријавеното, околу 22.30 часот на сервисна улица која ги поврзува с.Волково, скопско и автопатот „Мајка Тереза“ Р.Р., откако претходно управувала патничко возило „фиат пиканто“ со скопски регистарски ознаки, застанала и излегла од возилото, по што тоа се придвижило и ја повредило.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.