Skip to main content
Балкан

Несреќа во Црна Гора: Автобус полн со ученици се превртел на покривот

24/12/2024  20:35

Во текот на денот снежна бура го зафати северот на Црна Гора, а сообраќајот се одвиваше отежнато во текот на целиот ден. Поради голомразица на патот Паљух – Гусаре во околината на Петњица, се случила сообраќајна несреќа кога возачот на автобусот кој превезувал ученици изгубил контрола, излетал од патот и се превртел на покривот.

– Во оваа несреќа за среќа нема повредени. Сите патници и возачот се неповредени. На возилото е причинета материјална штета, изјави еден од очевидците.

Целата расположлива механизација беше распоредена на патиштата низ Црна Гора. Патиштата од прв приоритет, како и главниот пат и автопатот се проодни за сообраќај.

Најмногу снег падна на територијата на Колашин и Жабљак, каде има и до половина метар нов снег.