Search

Бутел со пораз се враќа во Австрија, во Скопје ќе брка пет гола негатива

Ракометарите на Бутел Скопје на гостувањето во Австрија кај Алпла Хард беа поразени со 26:21, во првиот дуел од второто квалификациско коло од Лига на Европа.

Алпла Хард во речиси целиот натпревар имаше резултатска контрола и на реванш натпреварот во Скопје ќе се обиде истата да ја сочува и да дојде до пласман во групната фаза во второто по ранг квалитетно европско натпреварување. Бутел доколку сака да игра во групната фаза во ЛЕ ќе мора да оствари победа со шест гола разлика.

Најефикасен во редовите на Бутел беше Мирко Мајиќ со пет гола од десет обиди, додека четири погодоци во мрежата на домаќинот постигна Филип Николов, кој на десетина секунди пред крајот заработи црвен картон, па поради тоа беше досуден и пенал преку кој домаќините стигнаа до победата од пет гола разлика. Солиден на голот беше Бобан Блажевски со 14 интервенции. Во победничката екипа се истакна Лука Рашел со десет гола.

Реванш натпреварот меѓу Бутел Скопје и Алпла Хард ќе се одигра на 4 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави