Search

Задолжително учество на дебитанти на тренинзите од 2021 година

Ново правило ќе биде воведено од 2021 година, кое ги обврзува тимовите Ф1 да пуштаат дебитанти во петок, или барем има такви гласини.

Се смета дека дебитант е пилот кој учествувал од 0 до 2 официјални трки максимум. Дебитантот на Вилијамс, Џорџ Расел, изјави дека новиот услов ќе ги стави дебитантите под голем притисок.

Расел самиот прв пат се појави во Формула 1, возејќи два пати за Форс Индија во тренинг на крајот од 2017 година. Тој првично ја поддржа идејата да им се даде шанса на младите, но не и да биде услов за сите тимови.

– На пример, за да возиш на тренинг во петок, да направиш 20 круга – ќе сакашда оставиш добар впечаток и тоа е многу тешко без никакво искуство.Тоа може да наштети на вашата кариера повеќе од тоа да ви помогне. Минатата година бев резервен пилот за Мерцедес, па знаев како е да одиш на многу трки – веројатно тоа е најзаморниот дел, вели Расел.

Треба да знаете
Последни објави