ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.И.(61) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.
На 07.12.2024 во двор од куќа во селото, пријавениот предизвикал расправија со В.К. од истото село, по што физички го нападнал, а употребил и рачен алат.