Skip to main content
Македонија

Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

20/12/2024  07:54

Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија заради адресирање на препораките од Оценската мисија за Судскиот совет ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за правда.

Настанот, како што информираат од Министерството за правда, е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото и ќе се одржи во Врховен суд на РСМ.

Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда.

Тркалезната маса е последна од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса, како што велат од Министерството за правда, ќе бидат основа за натамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.