Рамос го коментираше доаѓањето на Еден Азар во Реал Мадрид

Меѓу првите кои дадоа коментар за трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид беше капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос.

Пред неколку дена и официјално беше потврдено дека Азар ќе биде нов фудбалер на клубот и сега се очекува само формално да се минат медицинските прегледи пред тој и официјално да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.

– Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно ќе биде огромно засилување за нашиот тим. Задоволен сум како течат подготовките за новата сезона што се однесува до засилувањата, – истакна Рамос.

Треба да знаете
Последни објави