Јавен обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката кај Катланово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.

На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.

Несреќата се случи попладнево пред 18.00 часот кога патинчко комбе се превртело пред тунелот кај Катланово, при што загинаа неколку лица а неколку се повредени.

Треба да знаете
Последни објави