Бислимоски за дневната евтина струја: Нема услови да се воведе дополнителен час до крајот на годината

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска најави дека за сега нема да се воведе дополнителен час евтина дневна струја. Тој изјави дека до крајот на годината не постојат услови за оваа промена поради состојбите на пазарот.

„До крајот на годината нема услови да се воведе дополнителен час во дневната евтина тарифа поради состојбите на пазарот. Ако се воведе еден час повеќе, тоа би значело укинување на евтината тарифа од 22 до 24 часот. Како што ја воведовме оваа евтина тарифа и сме единствена земја во регионот што има евтина тарифа во текот на денот, верувам дека кога ќе имаме порелаксирани услови на пазарите ќе воведеме дополнителен час или два во текот на денот“, рече Беслимоски.

Според анализите на комисијата, од 2021 до 2023 година немало услови за воведување на оваа мерка.

Треба да знаете
Последни објави