По силниот земјотрес во Турција, утринава имало уште 30, нема жртви и повредени

Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека по земјотресот утринава во Турција, имало уште 30 со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека жртви и повредени нема, јави денеска „Анадолија“.

Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава навел дека неколку згради се тешко оштетени, но дека нема жртви.

Земјотреот инаку беше со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на градот Малатија.

Треба да знаете
Последни објави