Премиерот Мицкоски беше во Стопанската комора на Германија

Премиерот Христијан Мицкоски остана уште еден ден во Германија по самитот на Берлинскиот процес и денеска имаше излагање во Стопанската комора на Германија каде ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар. Освен веќе присутните компании во државата, интерес да инвестираат кај нас пројавија и нови странски компании.

„Имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора делот којшто е одговорен за инвестиции во источна и југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас да бидат присутни на македонскиот пазар. Разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро денеска ќе бидеме посетени ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подобрување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите“, рече тој

Задоволство од целите на македонската Влада која е насочена во зголемување на инвестициските активности на странските компании на македонскиот пазар изрази и Михаел Хармс кој посочи дека дискусијата била ефикасна.

„Дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата“, изјави Хармс.

Треба да знаете
Последни објави