Слатко од дуња: Стар рецепт за највкусното слатко директно од полицата на баба

Детството и есента мирисаат на слатко од дуња. Веројатно и вас првата помисла кога ќе се каже слатко од дуња ви е топлината на домот на вашата баба или мајка, па доколку одамна не сте го направиле слаткото, имаме рецепт за вас.

Состојки: 1 кг дуња, 800 гр шеќер, 1 лимон и грст ореви по желба.

Подготовка: Дуњите исчистете ги и кришките ставете ги во два литра вода во која сте исцедиле лимони или 1 лимон (може и винова лоза) да не поцрнат. Во друга тава сипете 2 литри вода, па извадете ги само дуњите и оставете ги да се варат 6-7 минути.

Во друга тава се става шеќер и се додава околу 200-300 мл вода. Претходно сварените парчињата дуњи префрлете ги во тенџерето со шеќерот и варете до посакуваната густина на слатко.

Треба да знаете
Последни објави