„Тесла“ се запали по несреќа во Франција, телата на четири лица изгореле до непрепознатливост

Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во Франција, откако нивната „Тесла“ удрила во знак и се запалила, соопшти полицијата.

Полковникот Ерик Хоарау, портпарол на локалната полиција, изјави дека допрва треба да се утврдат точните околности за несреќата што се случи во саботата вечерта во близина на градот Ниорта и дека истрагата е во тек.

„Сè сугерира дека возилото излетало од патот“, рече Хоарау. Тој потврди дека нема сведоци, што ја отежнува истрагата, пренесува Анадолија.

Тој нагласи дека возачот и тројца сопатници изгореле до непрепознатливост. Тесла не одговори на барањето за коментар.

Треба да знаете
Последни објави