Полицијата го фати на дело: Маж ги оштетувал иконите на крстот во Драчево

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 36-годишниот В.Г. од Скопје, извести МВР.

Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави