Македонските фудбалери се собраa пред двата меча во Лигата на Нации

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија го имаше првиот собир закажан за стартот на октомвриските предизвици во Лигата на нациите на УЕФА каде чекаат две гостувања против Летонија и Ерменија.

Селекторот Благоја Милевски ги имаше сите повикани играчи на располагање, со исклучок на Александар Трајковски и Дарко Чурлинов кои пријавија повреда и нема да може да се стават на должност на националниот тим.

Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра на 10 октомври, а три дена подоцна нашиот национален тим ќе гостува кај Ерменија во Ереван.

Треба да знаете
Последни објави