ЛШ: Лил го шокираше Реал Мадрид,Баерн Минхен на колена пред Астон Вила

Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид доживеа изненадувачки пораз на гостувањето кај Лил со минимални 1-0 во ЛШ.

Клучниот момент во мечот се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Џонатан Дејвид од пенал го постигна погодокот вреден три бода за домашниот тим.

До изненадувачка победа од 1-0 стигна и Астон Вила против Баерн Минхен. Клучниот момент на овој натпревар се случи во 79. минута кога големи три бода за тимот од Бирмингем донесе Дуран.

Атлетико Мадрид доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Бенфика каде загуби со 4-0. Стрелци на головите за домаќините беа: Актуркоглу, Димарија, Бах и Кокчу.

До лесен триумф стигна Ливерпул кој ја оправда фаворитската улога против Болоња 2-0.

Треба да знаете
Последни објави