Прва триатлонска трка во Скопје на 9 јуни

Спортскиот триатлонски клуб „Триоги рејсинг“ од Скопје го најавува првиот триатлонски натпревар што ќе се одржи на 9 јуни (недела) во Скопје – „ТОПСИ триоги триатлон“. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, пливањето ќе се одвива на базенот „Борис Трајковски“, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

„Пријатно сме изненадени што дури 150 учесници се пријавија на нашата трка, што за условите во кој се развива овој спорт, е голем успех. Нашата цел е спортските ентузијасти да го пробаат триатлонот, кој во светот се практикува буквално од 5 до 85 години. Нашиот клуб постои речиси три години и една од целите од самиот почеток ни беше да организираме триатлонски натпревар и во нашиот главен град. Триатлонот е спорт што е во подем во целиот свет, особено во Европа, па и Скопје заслужува да има ваков настан, кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција. За жал, Скопје и околината немаат отворени води во кои би можело да се организира триатлонски натпревар и затоа моравме да го организираме на базен“, вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот „Триоги рејсинг“ и организатор на настанот.

Триатлонците, кои се од нашата земја, од Бугарија и од Србија, ќе се натпреваруваат во категории според нивната возраст. Овие трки се дел од Националното триатлон-првенство.

Трката е поддржана и од Делегацијата на ЕУ во земјата.

Треба да знаете
Последни објави