Во сообраќајна несреќа тешко повреден малолетник од Тетово

Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.Џ. од село Пирок, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница во Тетово“, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави