Aталанта-Комо поради дождот ќе се одигра денес

Големото невреме и поројниот дожд во Бергамо беа причина да не се одигра последниот натпревар од петтото коло на Серија А меѓу Аталанта и Комо.

Дуелот требаше да почне во 20:45 часот, прво беше одложен за половина час, но при втората инспекција околу 20:15, официјалните лица на чело со судијата Париде Тремолада одлучија дека не постојат услови за игра.

И покрај тоа, стручниот штаб и фудбалерите на Комо инсистираа мечот да се одигра, но откако и тие видоа дека нема шанси поројниот дожд да престане, се повлекоа во соблекувална.

Веднаш потоа беше одреден нов термин за овој дуел, тоа е денес од 20:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави